Касами: Мерко е ситна риба, Ахмети треба да се најде на црната листа на САД

Претседателот на Беса Билал Касами смета дека лидерот на ДУИ Али Ахмети треба да се најде на црната листа на САД. Тој во интервју за Еуроњус Албанија во коментар за неодамна објавената црна листа на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, рече дека тој е само ситна риба и дека на списокот треба да се најде и Ахмети.

Според Касами, струшкиот градоначалник е „малата риба“ и вели дека јавноста ќа биде шокирана кога ќе бидат објавени и другите имиња, како што беше и официјално најавено.

„Во овој процес сметам дека на црна листа треба да биде ставен првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. ДУИ се движи континуирано надолу, зашто функционери на таа партија крадеа за време на дваесетте години на власт“, рече Касами.

Минатата недела Стејт департментот објави дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е прогласен за персона нон грата за САД поради наводи за значителна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството.

Back to top button
Close