Катар: 8 израелски деца, 5 Израелки и 7 странци ќе бидат ослободени вечерва

Осум израелски деца и пет израелски жени наскоро ќе бидат ослободени од Газа, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.

Ќе бидат ослободени и седум странски државјани кои биле држени како заложници во Газа, додаде Ал Ансари.

Палестинските затвореници кои Израел ќе ги ослободи во оваа фаза се 33 малолетни и шест жени, соопшти портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи.

Back to top button
Close