Приведен 18-годишник од Тетовско – лажно дојавил бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Полицијата изврши претреси и приведе 18-годишник од тетовското село Радиовце поради сомнение дека лажно дојавил поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Претресите се извршени утринава во периодот од 5:45 до 7:25 часот во дом и помошни простории на 18-годишниот А. С. од село Радиовце, Тетовско. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а 18-годишникот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Во акцијата учествувале припадници на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Секторот за компјутерски криминал и од Полициското одделение Жеровјане.

 

 

 

„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“,наведоа од МВР.

 

Back to top button
Close