Катастрофата, пред и потоа

Бројот на загинати во големите поплави во Германија се искачи на најмалку 160. Земјата е сѐ уште во шок од огромните размери на уништувањето во настраданите места, пренесува Дојче веле.

Бројот на жртвите од историските поплави во Германија и натаму расте.

Според последните информации најмалку 46 загинаа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, додека 112 во покраината Рајнланд-Пфалц.

Ова се двете најпогодени покраини од водената катастрофа, кои се наоѓаат на западот на земјата.

Големи поплави имаше и во јужната покраина Баварија, посебно во областа Берхтесгаден, каде загинаа 2 лица.

Водената стихија остави зад себе пустош во многу места. Оваа #ФотографијаНаДенот најдобро ги покажува размерите на катастрофата во градот Алтенар во покраината Рајнланд-Пфалц, кој беше силно погоден од поплавите.  Поплавената област беше огромна, а Алтенар од идилично место се претвори во купишта урнатини.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close