Катица Јанева се враќа во Идризово

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово, потврди  директорот на Управата за извршување на санкции – Александар Пандов.

По спроведената проверка, Управата за извршување на санкции констатирала неправилности во отпустот кој на Јанева и овозможуваше делумна слобода, односно да работи во канцеларија на приватна компанија во сопственост на нејзиниот син адвокат Лазар Јанев.

По направената проверка, утврдено било дека канцеларијата каде што Јанева требало да биде ангажирана воопшто не работела по што таа била упатена на целосно издржување на казната. Таа во фебруари годинава по отслужени 5 од 7 те години затвор наутро одела на работа а во затворот се враќала за спиење.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“ во кој беше обвинета заедно со Бојан Јовановски, познат како Боки 13

Back to top button
Close