Казни за 115 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 115 возачи.

Од МВР денеска информриаат дека од нив, девет возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close