О, душо моја

(…)

Ни нудат европска иднина, без ништо да сторат за европската сегашност.

3.

Така што, Христијан Мицкоски може да намали со чаламот дека „цунамито се крена и на 8 мај ќе ги потопи целосно“. Барем во првиот круг од претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ горе-долу ги доби гласовите што редовно си ги добива. Не е ВМРО-ДПМНЕ толку заслужно за резултатите од овие избори, колку што е тоа заслуга на СДСМ. Не е цунами. Но, вистина е потоп на СДСМ, оти досега не им се случило да освојат помалку од 200.000 гласа. Ама, тој потоп не е предизвикан од цунамито на ВМРО-ДПМНЕ, туку од одлевањето на гласови од СДСМ. Тече на сите страни.

Вечерта по првиот круг од претседателските избори, Мицкоски им се заблагодари на тие што гласаа за Сиљановска-Давкова, ги повика да гласаат тие што не гласале за никого, ама им се обрати и на „оние кои излегоа и гласаа за власта, сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој“.

Сакам да верувам дека споменувањето на зборот „освета“ му се откачи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како последица на  фројдовска грешка, што му излезе од потсвеста од 11-годишното црно време на владеењето на МВРО-ВМРО кога знаеја кој како гласал, инаку „пиштење, вриштење ќе има“.

Навистина утешно за тие што гласале за Стево Пендаровски и за тие што ќе гласаат за власта на 8 мај.

4И – како цреша на шлагот на тортата, за свечено одбележување на светлата европска перспектива се појави Али Ахмети на централниот митинг на Европскиот фронт на ДУИ за нивниот кандидат за претседател на државата Бујар Османи на Плоштадот Македонија во Скопје да извикува од говорница: „УЧК, УЧК“, а илјадници мажи во толпата да му скандираат, без ниту едно државно знаме, веејќи само албански знамиња и чат-пат по некое американско.

Навистина, нема откажување од иднината.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close