Кејт Мидлтон испрати трогателно писмо до 1.600-те гости на нејзината божиќна прослава
Кејт Мидлтон испрати моќно и трогателно писмо до 1.600-те гости кои ги покани на божиќниот концерт што таа го организира уште од 2021 година.
Она што го изјави е слично на зборовите кои храбро ги сподели кога завршуваше со третманот за рак. „Од темнината може да има светлина, па таа светлина нека свети силно“, рече принцезата во септември кога откри пред светот дека летото завршила со хемотерапија.
Овој пат, во име на луксузниот божиќен концерт, Мидлтон повторно се отвори и ги потсети гостите дека:
„Љубовта е светлина која може силно да свети, дури и во најтемните времиња“.
View this post on Instagram
Принцезата исто изјави благодарност за „љубезноста, сочувството и емпатијата“ што ги добила при нејзината битка со хроничната болест.
Главната тема на божиќниот концерт е токму важноста на поддршката, емпатијата и љубовта, особено во најтешките времиња. Палатата Кесингтон дополни дека концеротот е инспириран од Божиќната приказна. Концертот ќе се одржи во петок во Вестминстерската опатија каде што меѓу присутните ќе бидат и децата на принцот и принцезата од Велс.
Секој гостин ќе добие специјално писмо од принцезата посветено на љубовта и сочуството. Мидлтон вели дека Божиќ е еден од нејзините омилени периоди. Во својата прогателна порака, таа изјави дека:
„Овој божиќен концерт е искрена прослава за секој од вас и потсетување дека на Божиќ, како и во текот на целата година, сите мора да блеснеме еден за друг. Затоа што во време на радост и тага, ние сме светлина еден на друг“.