Келог: САД се подготвени да ги заострат санкциите кон Русија

Специјалниот пратеник за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги засили санкциите кон Русија за да се стави крај на војната во Украина, но нагласи дека и Москва и Киев ќе мора да направат отстапки за да се постигне мир.

Келог за Њујорк пост изјави дека санкциите против Русија во моментов се само на трето од десет нивоа во однос на економскиот притисок, додавајќи дека има простор за дополнително заострување, особено санкциите поврзани со руското производство и извоз на нафта.

Според него, иако Украина треба да ја продолжи својата воена офанзива против Русија пред преговорите, администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден не се трудела доволно да ги искористи сите аспекти на својата моќ за да и помогне на Украина.

Back to top button
Close