Кичеец влезе во затворот во Струга
Зоран Милески-Кичеец утрово влегол во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга да ја издржи правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“. Од Управата за извршување санкции за порталот „360 степени“ потврдиле дека во моментов се врши прием на осудениот во приемното одделение.

Појавувањето на Кичеец во струшкиот КПД следува откако пред десетина дена тој доби упатен акт од Основниот суд во Охрид. Оваа струшка институција, како што е наведено во Законот за извршување санкции, е казнено-поправен дом од отворен вид.
На осудениот му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор (прво во затворот „Скопје“, а потоа во домашен), период кој влегува во пресметувањето на казната.
…






