Kиев повика на евакуација на источна Украина поради опасност од руски напад

Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“ поради опасноста од руски напад.

– Гувернерите на областите Харков, Луганск и Доњецк го повикуваат населението да ги напушти овие територии и прават се што е можно за да се изврши евакуација на организиран начин, напиша вицепремиерката Ирина Верешчук на социјалната мрежа Телеграм.

Back to top button
Close