Кина и Нигерија се договорија да ја зајакнат соработката во рамките на иницијативата „Појас и пат“

Нигерија и Кина постигнаа договор за зајакнување на билатерални односи во рамките на иницијативата „Појас и пат“, како и за развој на човечки ресурси и нуклеарна енергија, по денешната средба на лидерите на двете земји.

– Сеопфатното стратешко партнерство треба да резултира со силен развој, стабилност и безбедност во западноафриканскиот подрегион, рече нигерискиот претседател Бола Тинубу, кој заедно со лидерите на 50 други африкански земји учествуваше на самитот Кина-Африка 2024.

За време на неговата посета на Кина, Тинубу ја посети истражувачката лабораторија на Хјуавеи и договори компанијата да основа заедничка лабораторија за тестирање на соларна технологија во Нигерија

Back to top button
Close