Кинески борбени авиони ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана

Девет кинески борбени авиони денеска ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана и го осуди инцидентот.

Министерството наведе дека девет кинески авиони преминале на точки на север, центар и југ од средната линија на Тајванскиот теснец што некогаш служел како неофицијална тампон зона меѓу двете страни.

Вооружените сили на Тајван одговорија со сопствени авиони и бродови за да ја следат ситуацијата, користејќи го принципот да не ескалира конфликтот и да не се предизвикуваат спорови. Комунистичката војска намерно распоредува сили за да создаде тензии во Тајванскиот теснец, не само што ги поткопува мирот и стабилноста, туку и негативно влијае на регионалната безбедност и економскиот развој“, соопшти Министерството во Тајпеј.

Ескалацијата на тензиите доаѓа додека тајванскиот претседател Цаи Инг-вен е во посета на САД. Се очекува Цаи да се сретне со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Лос Анџелес

Back to top button
Close