Клиниката „Жан Митрев“ не се продаде

Клиниката „Жан Митрев“ останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор – соопшти самата Клиника.

„Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката „Жан Митрев“ и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и вложувањата во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава.

И покрај тешкотиите што ги имаме поради блокираната сметка продолжуваме и понатаму да вложуваме и да се развиваме. Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании“ – се вели во соопштението од Клиниката „Жан Митрев“.

Веста за продажбата на Клиниката „Жан Митрев“ отвори серија прашања во јавноста за профилот и минатото на вистинските сопственици на потенцијалниот купец на клиниката.

Back to top button
Close