Која е жената која наводно го уби рускиот блогер? 

Руските истражители денеска соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во вториот по големина град во Русија, при што загина воениот блогер и поддржувач на руската кампања во Украина, Владлен Татарски.

Дарја Трепова е приведена под сомнение за вмешаност во експлозијата во кафуле во Санкт Петербург, соопшти рускиот Истражен комитет на Телеграм.

Според истрагата, Трепова е осомничена дека во кафулето донела кутија со биста на Татарски, во која имало експлозивна направа што го уби рускиот блогер, пишува Независен

(…)

Трепова на масата пред Татарски донесе биста од гипс, обоена златно. Според првичните информации, бистата била наполнета со 200 грама експлозив и експлодирала на масата од Владлен.

Во кафулето таа наводно се претставила како Настја. Таа поставувала прашања, се насмевнала и му кажала на Татарски дека претходно му испратила разгледница, а сега како уметник решила да му подари скулптура.

(…)

Трепова непосредно пред експлозијата го напуштила кафулето и во меѓувреме била во бегство.

(…)

Со сопругот побегнала во Грузија
По почетокот на инвазијата на Украина, Дарија и нејзиниот сопруг беа приведени поради учество на протестот. Таа е осудена на 10 дневен притвор, додека нејзиниот сопруг е осуден на девет дена затвор поради носење на транспарент. По почетокот на мобилизацијата побегнал од Русија. Руските медиуми јавуваат дека таа неколку пати била приведена на протестите против инвазијата на Украина.

„Таа сакаше да ја напушти Русија, но не знаеше како. Пред неколку месеци, Даша ја напушти работата во продавницата и отиде во Москва. Кога ја прашале што прави, таа одговорила нешто како „Ќе ти кажам подоцна““, вели нејзината пријателка.

Минатата есен Трепова со сопругот замина во Грузија. Таму поминале шест месеци, по што Трепова се вратила во Русија. Наводно, таа не можела да заработи доволно пари за да живее во Грузија, пишува Dzen.ru.

…

Повеќе

Back to top button
Close