Кобајаши триумфираше на скокалницата во Трондхајм

Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши победи вечерва на скокалницата во норвешки Трондхајм во рамки на Светскиот куп.

Јапонецот освои вкупно 280.9 поени, до кои дојде со скокови од 108 и 99 метри.

Второто место го освои Словенецот Петер Превц со 280 бодови, а место на подиумот имаше и за Јан Херл од Австрија (279 бодови).

Во генералниот пласман води Австриецот Штефан Крафт со 1.783 бодови, пред Кобајаши (1.562) и Германецот Андреас Велингер (1.387).

Back to top button
Close