Комеморација за жртвите од масакрот во Цетиње

Со едноминутно молчење во Владиниот дом во Цетиње почна комеморацијата за жртвите во масакрот кој се случи на 1 јануари. Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ изрази сочувство до семејствата и порача дека незапаметена трагедија ја погоди Црна Гора. Тој додаде и дека одговорност мора да има, а државата, како што рече , треба системски да реагира.

„Загубата на 12 животи не остави во шок и неверување. Особено боли загубата на двајца ангели, симболи на невиноста. Оставија празнина во нашите срца. Единствено што можеме е да изразиме искрено сочувство на семејствата и да им помогнеме во нивната болка. Сите треба да се запрашаме – зошто вакво нешто повторно се случи и зошто како општество го дозволивме тоа. Државата мора системски да реагира. Тоа им го должиме на жртвите и нивните семејства. Одговорноста мораме и сакаме јасно да ја бараме,“кажа Ѓурашковиќ.

Во пукањето што се случи на 1 јануари во Цетиње, беа убиени 12 лица, а шестмина беа повредени. Меѓу жртвите се и две деца на возраст од 10 и 13 години.

Напаѓачот, Ацо Мартинојевиќ (45), по крвавиот напад изврши самоубиство. Си пукал во главата откако сфатил дека е опколен од полицијата – почина сторителот на повеќекратното убиство во Цетиње

Поради трагедијата на Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари.

Вчера пред зградата на црногорската Влада се одржа и протест против недостигот на акција од страна на властите за да се спречи масовното пукање.

Граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е скапан“ и „12 минути молк“.Демонстрантите прво стоеја во тишина во знак на сеќавање на жртвите од пукањето, а закачија и рози со црни ленти на оградата во знак на жалост

Back to top button
Close