Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на магарешка кашлица во Скопје

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок прогласи епидемија на магарешка кашлица во Скопје.

Исто така од Комисијата препорачаа да се забрани прием на невакцинираните деца во градинките.

Во моментов има 13 случаи на магарешка кашлица односно пертусис и дека од нив, 8 се деца на училишна возраст од општина Аеродром, а има по еден случај во Сарај и во Чаир. Другите три случаи се во фаза на испитување.

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Бесим Зекири ги повикува сите родители да ги вакцинираат децата

Back to top button
Close