Комитетот за истрага за воздухопловни несреќи го испитува можниот судир на два авиона над Скопје
Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) денеска се очекува да започне активности во Македонска навигација (М-НАВ) како дел од истрагата за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември во кој е избегнат судир на два авиона.
Претседателот на КИНСИВ, Зоран Илиевски, изјави дека во истрагата ќе ги погледнат снимките, ќе ги преслушаат снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите и ќе ги направат потребните разговори.
„Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста“,изјави за МИА во петокот Зоран Илиевски, претседател на КИНСИВ.
Во врска со настанот постапува и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), а ако се утврди дека има кривично дело, наодите треба да се достават до Основното јавно обвинителство.
„Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот“,изјавија од АЦВ.
Од М-НАВ соопштија дека пријавата за безбедносниот настан над небото на Скопје е поднесена во пропишаниот рок и дека отворена истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.