„Комити“ не го сакаат Седлоски во ФК Вардар

„Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар! Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа“ се вели во соопштението што на Фејсбук го објави навивачката група „Комити“.

Оттаму му посочуваат на Седлоски „во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!“.

„Комити“ ги повикаа сите навивачи на клубот, во сабота на стадион

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close