Кому ќе припаднe старателството над децата доколку се разведат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам? Одговорот е напишан пред 324 години
Откако се дозна дека принцезата од Велс Кејт Мидлтон боледува од рак, сите погледи не само на британската туку и на светската јавност се насочени кон неа и нејзиното семејство. Имаше многу шпекулации за нивниот брак, а некои тврдеа дека Вилијам ја изневерува, но ниту една од тие информации никогаш не беше потврдена.
За многумина, Кејт и Вилијам делуваат како многу складен пар. Откако стапија во брак во април 2011 година, сè течеше мирно. Од венчавка проследена со огромен број луѓе ширум светот, до три деца.
Меѓутоа, како и кај сите, така и во нивниот брак имало несогласувања и токму во тие моменти се поставувало прашањето што ќе се случи со нив и со нивните деца доколку одлучат да се разведат.
Всушност, многумина се прашуваа кој ќе ги добие децата доколку Кејт и Вилијам решат да се разведат. Без разлика дали повеќе ви се допаѓа Кејт или Вилијам, одговорот сигурно ќе ве изненади. Децата не би припаднале никому! Ако кралската двојка се разведе, децата според стариот закон би отишле кај дедото, односно кралот Чарлс.
Овој закон, датира од 1700-тите. Ова правило старо 324 години ја шокираше јавноста и покрена многу прашања за иднината на Џорџ, Шарлот и малиот Луис.
Сепак, Марлин Киниг, кој со години го следи британското кралско семејство, истакнува дека овој закон е повеќе формалност и дека реално родителите имаат можност да продолжат да учествуваат во воспитувањето на своите деца.
Во случај на развод, како што веќе пишувавме, Кејт би добила стан или куќа во границите на Велика Британија каде би го поминувала времето со децата.
Иако бракот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е исправен пред голем предизвик, сепак сите се надеваат дека Кејт (поради нејзиното здравје), а потоа и Вилијам ќе продолжат да живеат хармонично