Конгресменката Холмс Нортон стана членка на групата за поддршка на Македонија

Конгресменката Елеaнор Холмс Нортон од Конгресниот округ на Колумбија, стана најновиот член на Конгресната група за Македонија и македонските Aмериканци, која се залага за зајакнување на американско-македонските стратешки односи, соопшти Обединетата македонска дијаспора.

Конгресменката Холмс Нортон, која доаѓа од Демократската партија, е исто така и ко-спонзор на резолуцијата со која се изразува поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година како „Месец на македонското американско наследство” и се слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за Соединетите Држави.

Конгресната група за Македонија и македонските Aмериканци, во моментов брои 36 члена.

 

 

Back to top button
Close