Конгресот на Кинеската Комунистичка партија започнува утре, а ќе заврши на 22 октомври

Дваесеттиот Конгрес на Кинеската комунистичка партија (ККП), кој почнува утре во Пекинг, ќе заврши на 22 октомври, соопшти портпаролот на конгресот, Сун Ели.
Конгресот – форум што се одржува на секои пет години и е клучен настан во кинескиот политички живот – се очекува да го реизбере раководството во земјата и да му даде нов мандат на 69-годишниот Си Џинпинг како шеф на партијата и државата.
На 23 октомври, ден по завршувањето на Конгресот, се очекува да биде објавен новиот состав на Постојаниот комитет на Политичкото биро (Политбиро), група од седум или девет лица кои се на врвот на хиерархијата на власта. Еден од нив е генералниот секретар на партијата, моментално Си Џинпинг.
Околу 2.300 делегати избрани од различни партиски собранија ќе се состанат зад затворени врати по церемонијата на отворање, што ќе се одржи утре во Палатата на народот во кинеската престолнина.
Во телевизиски говор, Си ќе се осврне на достигнувањата во изминатите пет години и ќе го претстави својот патоказ за следниот петгодишен период.
Се очекува Конгресот да донесе големи промени во Постојаниот комитет на Политбирото, семоќното тело на ККП што ја има вистинската моќ во Кина.
Првиот конгрес на ККП се одржа во 1921 година во присуство на десетина луѓе собрани во училница во училиште, затворено поради празници, во француска концесија во Шангај (територија на Шангај која од 1849 до 1946 година беше под француска






