„Континентал“ го рестартира производството во Русија

 

Германскиот производител на гуми „Континентал“ го рестартира производството во Русија.

– Нашите вработени и менаџери во Русија се соочуваат со тешки криминални последици доколку не ја задоволиме локалната побарувачка, соопштил Континентал, јави Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Во исто време од компанијата посочуваат дека продолжувањето на производството во градот Калуга нема никаква врска со намерата за профит.

На почетокот на март, како дел од санкциите против Москва, „Континентал“ го прекина производството во Калуга, а со тоа и сите увозни и извозни работи поврзани со Русија

Back to top button
Close