Косово онлајн: Словенечкиот премиер Голоб со државни пари ја финансирал кампањата на Албин Курти

Актуелниот словенечки премиер Роберт Голоб со државни пари ја финансирал кампањата на косовскиот колега Албин Курти. Веста, која беше објавена уште лани во април од страна на словенечки и хрватски медиуми, сега повторно исплива во јавноста, откако партијата Демократски сојуз на Косово го обвини Курти за афера вредна 100 милиони евра, пишува Косово онлајн.

– Овој скандал е сѐ поголем и поголем. Според последните информации, станува збор за 100 милиони евра од (државната словенечка) компанија ГЕН-И, која е осомничена дека ја финансирала кампањата на Курти преку подружница во Тирана, каде што биле префрлени 14 милиони евра – изјавил Џафер Тахири, член на претседателството на партијата и ја повика власта да ги истражи наводите.

Kосовските медиуми објавија докази дека компанијата ГЕН-И уплатила 1.470.000 евра на сметката на амбасадорот Беришај, пари кои тој не ги пријавил кога се појавил пред истражната комисија. Спорниот момент е тоа што ГЕН-И ги пратила милионските суми во Приштина додека Голоб бил на нејзино чело, а меѓу другото, во повеќемилионски трансакции била финансирана кампањата на Курти.

Голоб бил на врвот на компанијата цели 16 години, а скандалот изби речиси истовремено по неговото доаѓање на власт во Словенија. Досега, тој постојано негираше дека се познава со Мартин Беришај.

Back to top button
Close