Косовската полиција ги почести српските возачи со опомени за таблиците

Полицијата во Косово веќе почна да ги „чести“ српските возачи со опомени, кои не ги пререгистрирале своите регистарски таблички со назнака РКС.

Косовската полиција синоќа ја изрече првата опомена за возилата кои не се пререгистрирани од српски регистарски таблички, во таблички со назнака РКС, објави РТС.

На административниот премин Јариње, неколку минути по полноќ истече рокот за пререгистрација што го постави Приштина, а изречена му е опомена на возач чие возило е регистрирано со КМ табличка.

На административните премини, косовската полиција на возачите со регистарски таблички од градовите од северот на Косово им доделуваат потврди односно опомени, дека се известени дека треба да ги пререгистрираат возилата.

Постојат упатства за пререгистрација на хартија.

Back to top button
Close