Костовски: Или ќе се држиме еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг!
Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на социјалните мрежи побара единство во матичната партија.
„Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време за помирување и обединување“, напиша Костовски на Фејсбук.
Тој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово на последните локални избори, а претходно ја извршуваше функцијата директор на „Службен весник