Костовски на 22 август ќе ги објави резултатите од нрговата независна истрага за стечајот на Еуростандард банка

-Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.

Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија – напиша Костовски во известување до медиумите

Back to top button
Close