Ковачевски: Променетите адреси на училиштата се на еден сервер во МОН. Има ли крт кој издава

Без разлика што сите училишта ги смениле меил адресите, по подолготрајните закани односно дојави за поставени експлозивни направи во објектите, тие и понатаму добиваат вакви дојави.

– МВР по секоја лажна пријава за бомба, постапува согласно законот и постапките за антитероризам. Се води секогаш истрага за пријавата на лажни бомби. Таа истрага покажува првични интересни податоци кои не можам да ги коментирам оти се дел од истрага и коишто не може со точност да се знае со каков финален ефект ќе завршат. И при промената на е-маил адресите кај училиштата, бидејќи се ставени на еден сервер, којшто е заштитениот сервер на МОН, како тие веднаш адресите на училиштата се нашле кај тие што рпијавуваат бомби, се запраша денеска премиерот Димитар Ковачевски, по излагањето при посетата на компанијата „Гересхајмер“, но тоа може да го одговори само истрагатаОдговарајќи на новинарско прашање дали има крт во некоја од службите и на која служба се сомнева, рече дека не би го лоцирал проблемот само кај службите, туку може да биде и поширок.

– Претпоставка би била дека вклучува некој кој што не сака Северна Македонија да ја има својата надворешна политика да ја има таква каква што ја има усогласена со ЕУ , усогласена со НАТО – додаде Ковачевски.

 

Back to top button
Close