Ковачевски: Со Алтернатива зборуваме за одговорности во Владата, не за распределба на ресори

Претпоставки и шпекулации се информациите во јавноста дека со Алтернатива сме разговарале за распределување ресори или за определени имиња.
Не сме дојдени на тоа ниво, туку зборуваме за одговорности во Владата по одредени прашања, вели кандидатот за претседател на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.
Ковачевски, кој вечерва гостуваше во дневникот на ТВ Сител, рече дека до крајот на неделата ќе има уште една или две средби. Во тек се внатрепартиските консултации.
– Вчера имавме разговори со Гаши и неговиот тим, кажавме дека е постигнат напредок во усогласувањето на програмските определби на новата можна влада. Ги разменивме и нашите мислења во однос на преземање одговорности во Владата кој би е формирла ако се постиген договор.
Остана да се спроведат разговори низ партиите и да се видиме уште еднаш или двапати до крајот на неделата. Во овој момент воопшто не беше тема распределувањето ресори и определување имиња, тоа што се зборува во јавноста се претпоставки и шпекулации, рече Ковачевски и изрази надеж дека со Алтернатива ќе биде постигнат договор.
Според него, кој ќе биде примиер прво зависи од внатрепартиските избори во СДСМ.
 Потоа следува разговор и одлучување во партиските тела. Откако тука ќе се дефинира кој е мандатарот предложен од СДСМ, треба да се помине и филтерот на разговори со коалициските партнери. На крајот доаѓа гласањето во парламентот.

Back to top button
Close