Ковачевски: За пензионерите обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари

За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари, порача од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за евопска иднина, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој нагласи дека пензиите денескка, во однос на 2016 година се зголемени за 55% и ќе продолжат да растат.

„Јас ветувам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината3 рече Ковачевски.

Back to top button
Close