Ковачевски за судирот меѓу Арсовска и Мицкоски: Да им се извинат на граѓаните и да ја исполнат обврската што ја презеле

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во интервју за Националната телевизија (НТВ) вели дека кавгите во ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за се тендери и ги повикува да се извинат на граѓаните и да ги исполнат сите преземени обврски.

„Обврската што ја зеле пред граѓаните да ја исполнат или да искочат и да се извинат на граѓаните за се она што ги излажаа на изборите локални во 2021 година. И градоначалничката и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сите кои што беа вклучени во кампањата. Затоа што тие кампањи беа јавни и се е снимено.” рече Ковачевски.

Тие не се занимаваат со проблемите на граѓаните, тие се занимавале со тендери, додава Ковачевски.

„Погледнете што се случува во градот Скопје. Градоначалничката на градот Скопје беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи таа ако не беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше теоретски шанси да победи за градоначалник. На сите митинзи беше промовирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ работеше за неа, каде што трубачи ја чекаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие всушност што правеле 11 месеци договарале тендери. За кои што самите зборуваат не зборуваме ние од СДСМ што правеле, они самите зборуваа по прес конференции. И на крајот што се случи не можеле да се договорат за провизиите, излегоа на ТВ и сега се караат.” рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Тој додава дека СДСМ и владата што ја предводи ќе продолжи со грижата за граѓаните.

„Ние ќе продолжиме да се грижиме за потребите на граѓаните, да обезбедиме електрична енергија за целиот регулиран пазар, да обезбедиме топлинска енергија и да се обидеме да обезбедиме најдобра цена за електрична енергија за стопанството, кое ќе може да обезбеди одржливо производство и одржливо пружање на услугите на стопанството.” вели во интервју за Националната телевизија (МТВ), претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

На граѓаните и на мене ни стана јасно зошто градот Скопје ја одби обврската и управувањето со парното за скопјани, па мораше да преземе Владата, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не се занимавале со проблемите на граѓаните туку се занимавале со тендери, вели во интервјуто Ковачевски.

„Парното во Скопје е обврска на градот Скопје. Меѓутоа сите бевме сведоци кога градоначалничката на градот Скопје и нејзината политичка партија која што ја поддржа, ВМРО-ДПМНЕ, со резигнација одбија да управуваат со нешто што е комунална услуга. Државата мораше да преземе бидејќи е одговорна и бидејќи мора да мисли на сите, да го преземе управувањето.  Мене сега ми станува јасно зашто тие тоа го одбиле. Затоа што тие не се занимаваат со проблемите на граѓаните. Тие се занимавале со тендери” рече Ковачевски.

Македонскиот премиер и претседател на СДСМ, Ковачевски,  потенцира дека она што се случува во Град Скопје се кавги во ВМРО-ДПМНЕ само за тендери и интереси, додека главните проекти важни за Скопје и скопјани се стопирани.

„Погледнете што се случува во градот Скопје. Градоначалничката на градот Скопје беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи таа ако не беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше теоретски шанси да победи за градоначалник. На сите митинзи беше промовирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ работеше за неа, каде што трубачи ја чекаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие всушност што правеле 11 месеци договарале тендери. За кои што самите зборуваат не зборуваме ние од СДСМ што правеле, они самите зборуваа по прес конференции. И на крајот што се случи не можеле да се договорат за провизиите, излегоа на ТВ и сега се караат.” рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Ковачевски потенцира дека поради ваквото однесување стопирани се проекти важни за Скопје и скопјани и побара сите преземени обврски да се завршат, во интерес на граѓаните.

„Постојат проекти во Скопје кои се стопирани. За кои има меѓународни кредитори, за кои што државата ќе плаќа пенали. Каде е брзиот автобуски транспорт во Скопје? Проектот не се реализира. Каде е пречистителната станица за која што се расправаат кој колку провизија планирал да земе? И тоа не се реализира. Каде се автобусите кои што ги преговарал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пошто нели кажа дека преговарал за автобуси? Па и за фабрика за автобуси. Сега снема ни автобуси, ниту фабрика за автобуси. А ниту имаме проект за бас рапид транспорт. Каде е Универзалната сала? Тоа е проект направен со обезбедено финансирање. Каде е клучката во Момин Поток? Стои недоправена. Зашто? Затоа што тие се занимавале само со тендерите и кој ќе ги земе провизиите.” рече Ковачевски.

Така да обврската што ја зеле пред граѓаните или да ја исполнат или да искочат и да се извинат на граѓаните за се она што ги излажаа, заклучува претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервјуто на Националната телевизија (МТВ)

Back to top button
Close