Кралот Чарлс во болница поради несакани последици од лекувањето на ракот

Британскиот кралот Чарлс е хоспитализиран откако доживеал привремени несакани последици од лекувањето на ракот, потврди Бакингемската палата.

Не е посочено за какви несакани ефекти се работи, но Бакингемската палата го опиша неговото згрижување како помал проблем и додаде дека неговото лекување оди во вистинска насока. Британските медиуми јавуваат дека кралицата Камила не била видена со него во болница. Тој е вратен во Кларенс хаус.

Лекарите го советувале кралот да ги откаже сите закажани ангажмани за следниов период, што тој го направил и им се извини на соработниците.

Чарлс Трети во февруари лани објави дека боледува од рак по операцијата за зголемена простата.

Во октомври, тој накратко го прекина лекувањето додека беше во 11-дневна кралска посета на Австралија со кралицата Камила

Back to top button
Close