Кремљ: Приемот на Шведска и Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа

Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ.

– Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за можниот влез на Шведска и на Финска во НАТО.

Претходно денеска, лондонскиот Тајмс, повикувајќи се на свои извори, објави дека прво Финска би можела да поднесе барање за членство во јуни, а потоа и Шведска, јави ТАСС.

Според извори на руската агенција, владите на Шведска и Финска, соработувале на постигнување консензус за ова прашање, меѓутоа, конечна одлука ќе донесе независно, секоја држава сама за себе.

Back to top button
Close