Кремљ призна за „значителни загуби“ во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,  изјави дека Русија претрпела „значаителни загуби“ во Украина.

„Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“.

Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави два дена подоцна дека најверојатно се убиени најмалку 10.000 руски војници.

Back to top button
Close