Кремљ: Русија ќе одговори на американските санкции за ќерките на Путин
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги коментираше новите санкции што САД ѝ ги воведоа на Русија во семејството на претседателот Владимир Путин.
„Русија дефинитивно ќе одговори. Санкциите што САД ги применуваат за семејството на Путин зборуваат сами за себе и тешко е да се разбере или објасни тој потег“,
рече Песков и додаде дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок со членовите на Советот за безбедност.Во однос на испраќањето оружје во Украина, Песков смета дека тоа нема да придонесе за напредокот на преговорите кои моментално се водат меѓу Украина и Русија.
„Внесувањето оружје во Украина нема да придонесе за успех на руско-украинските преговори – изјави портпаролoт на Кремљ оценувајќи дека испораката на оружје ќе има негативен ефект.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пред денешната средба со неговите колеги од НАТО, упати повик за повеќе оружје од земјите на НАТО за да се спасат животи во неговата земја.