Крилото на Ал Каеда во Сирија почна офанзива

Џихадистичка група, која дејствува во северозападна Сирија денеска почна офанзива откако зазеде две села и уби 19 борци од провладините сили.

„Џихадистички фракции, предводени од „Хaрас ал Дин“ почнаа напад на две села во Сал ал Габ, соопшти невладината Сириска опсервација за човекови права.

Џихадистите ги зазеле селата Ал Фататра и Ал Манара во провинцијата Хама. Во нападите загинале и шестмина џихадисти.

Областа, каде започна офанзивата, се наоѓа во поширокиот регион на Идлиб, кој е под контрола на џихадистите и бунтовниците и е последниот бастион на отпорот против Дамаск.

Примирјето постигнато на 6 март во голема мерка ги намали борбите во регионот, врз кој, претседателот Башар ал Асад, се стреми да воспостави целосна контрола.

„Хaрас ал Дин“ е релативно мала, но моќно вооружена група, која дејствува во Сирија под водство на лојалистите на Ал Каеда.

Иако тие понекогаш соработуваат, групата е ривал на Хајат Тахрир ал-Шам, сојуз на исламистички фракции во кои доминираат поранешни членови на поранешниот сириски огранок на Ал Каеда – Џабат ал-Нусра.

Back to top button
Close