Полицаец му помогнал да побегне на лице кое се барало со потерница

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицето Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Според наодите на Одделот за внатрешна контрола при МВР, пријавениот на 23.04 годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил истите, така што со намера да прибави корист за лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.

– Покрај ова од страна на Одделот поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е донесување на решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка, соопштија денеска од МВР.

Back to top button
Close