Цело лето Скопје без жичница, ЈСП сè уште не нашло сервисер

Иако поминаа четири месеци откако градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека се затвора жичницата до Водно поради сериозни дефекти и опасност за граѓаните, ЈСП „Скопје“ сѐ уште нема почнато со процесот на санирање и нејзино повторно пуштање во употреба.






