Крвав инцидент во Сараево: Со нож убил еден човек, еден е ранет

Еден човек загина вечерва, а друга жртва е тешко повредена, откако напаѓач ги избодел со нож во два одвоени напада, на две локации, јавија локалните медиуми.

Како што за „Н1“ потврди Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на МУП на кантонот Сараево, напаѓачот е уапсен.

„Полицијата на кантонот Сараево околу 19.50 часот била известена дека на подрачјето на општина Центар Сараево повредени се две лица со употреба на нож. Напаѓачот е фатен и е лишен од слобода“, се вели во полициското соопштение.

Како што се додава, еден повреден од добиените повреди починал, а другиот е пренесен во болница.

Полицијата најави повеќе детали откако ќе заврши истрагата

Back to top button
Close