Курти ургирал во Македонија да не попуштаат да не им го предаваат на Србија уапсениот Блерим,припадник на ОВК
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Министерството за правда е во комуникација со институциите на Северна Македонија во врска со притворот на поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани во Северна Македонија по налог за апсење од Србија.
„Министерството за правда и нашите власти се во комуникација со Владата на Северна Македонија, со цел да дознаат повеќе за граѓанинот на Косово кој е таму и да не се потчинат на агресивноста на Србија кон Косово, која е се гледа и во ваквите налози за нашите граѓани“, рече Курти на прес-конференција.
Припадникот на поранешната ОВК, Бљерим Рамадани, во средата беше приведен од полицијата во Скопје по потерница од Србија и по потерница на Интерпол.