Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ
Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ. Сите можни инспекции, различни сектори под контрола на МВР, инспекторати и многу други институции буквално ги имаат окупирано општините водени од градоначалници на СДСМ, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
– Власта оди дури и до таму, да врши притисоци и врз членови на потесните семејства на градоначалниците, со незаконски прераспределби од работното место надвор од местата на живеење. Овој притисок е селективен и тенденциозен — насочен исклучиво кон општините каде што градоначалниците се од СДСМ, додека во општините под контрола на ДПМНЕ нема никакви контроли. Ова е класичен пример за злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. Ќе ги искористиме сите механизми на располагање, и на домашен и на меѓународен план, за да го заштитиме интегритетот на нашите градоначалници и правото да работат без притисок и закани. Ги повикуваме сите надлежни тела, како и меѓународната заедница, да го следат внимателно овој процес и да застанат во одбрана на демократските стандарди во земјава, вели Кузеска