Квинта и ЕУ повторно го осудија потегот на Косово: Загриженост за безбедноста на цивилите и сите останати на Косово

Земјите од Квинта и Европската унија повторно го осудија потегот на властите во Приштина и повторија дека дијалогот е единствениот начин за нормализирање на односите, јави дописникот на МИА од Белград.

Амбасадите на земјите од Квинта ја осудија одлуката на косовските власти за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, и покрај постојаните повици за воздржаност.

Квинта и ЕУ очекуваат дека властите во Приштина нема да преземат никакви нови мерки за принуден пристап до општинските згради во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

Како што се наведува во заедничката изјава на амбасадите на Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, САД (Квинта) и ЕУ во Приштина, избраните градоначалници треба да покажат воздржаност и да преземат „итни мерки за да покажат посветеност и одговорност да ги претставуваат и да им служат на сите членки на заедниците“, соопшти Еурактив.

Back to top button
Close