Лажна е веста на „Вечер.мк“ дека Ковачевски не држи македонско знаме на ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“
„На вчерашниот ракометен спектакл во „Борис Трајковски“ многумина сакаа да бидат видени на трибините. Меѓу нив беа и премиерот Димитар Ковачевски и неговиот најблизок соработник во СДСМ Миле Зечевиќ. Тие беа единствените што не држаа македонски знамиња како што тоа го правеше публиката околку нив додека се изведуваше македонската химна…“, се наведува во објавата од Вечер.мк.
Демантот на ваквата објава може да се погледне на следните фотографии објавени на официјалната фејсбук страница од премиерот Димитар Ковачевски:
Од она што може да се види на фотографиите, се гледа дека на конкретниот настан Ковачевски држи македонско знаме.
Текстот со лажната вест не е потпишан.
Главна и одговорна уредничка, како што е наведено во Импресумот на Вечер.мк е Ивона Талевска.