Лажната докторка во „Ре-медика” дошла во активна фаза на раѓање, бебето е добро и изолирано

Пациентката во Ре-медика дошла во понеделникот, на 8 јуни, во активна фаза на раѓање, со болки. Била примена по протокол кој се применува кај сите пациентки кои се водат или примаат за раѓање во Ре-Медика, пренесе Слободен печат.

– Имено, во склоп на стандардниот протокол, се зема и брис за коронавирус. Без добивање на детали од самата пациентка за претходниот престој на ГАК, по протокол, до добивање на резултатот, пациенката е сместена сама во изолирана соба односно апартман, каде се направени дополнителни медицински испитувања и следење на породилката и плодот, велат од Ре-медика.

За цело време пациентката, која била без никакви респираторни симптоми, носела маска, а персоналот кој бил во медицинската екипа, бил заштитен со средства за комплетна лична заштита по протокол. Поради медицинска индикација, направен бил царски рез во посебно изолирана сала за таа намена, а целата екипа при тоа била комплетно заштитена. Бебето било ставено во изолација веднаш по породувањето, како дел од стандардна продецура на безбедност која се применува во сите случаи кога се очекува резултат од брис од мајката.

– Новороденото дете е добиено во добра кондиција, без директен контакт со мајката, ставено во изолација до добивање на резултатите од мајката, вели претседателката на Комисијата за превенција на интрахоспитални инфекции при ПЗУ Ре-Медика, Прим.д-р Марина Поп-Лазарова која е и специјалист педијатар.

повеќе

Back to top button
Close