Видео:Тешка несреќа вечерва на Пластичарска

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на улицата Пластичарска во Скопје, во која учествувале автомобил и мотоцикл, објави Телевизија Алсат.
Според првичните информации, мотоциклистот се здобил со сериозни повреди и итно бил пренесен во болница за укажување лекарска помош.
На местото на несреќата веднаш пристигнала полиција, која извршила увид и работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот
Повеќе информации за состојбата на повредениот и деталите за несреќата се очекуваат во текот на истрагата.
Видеото може да го видите на следниот линк






