Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба

Лејди Гага во „Шоуто на Џими Фелон“ раскажа како со нејзиниот свршеник Мајкл Полански го планираат нивниот „скромен“ голем ден, истакнувајќи, сепак, оти можни се и изненадувања…

– Ние всушност зборуваме за одење до матичар… Само ние двајца. И ќе нарачаме кинеска храна, рече пејачката-глумица. – Но, знаејќи ме, тоа може да се претвори и во „циркус со еднорози“, додаде таа на шега.

 

Поп-ѕвездата откри и на каков романтичен начин – по планинарење, Полански и го поставил судбоносното прашање.

 

– Ме запроси веднаш по мојот роденден… Тој не ме запроси на врвот. Се искачивме на врвот, направивме неколку фотографии и потоа се упативме назад надолу. Како и обично, се вративме во собата и разговаравме, и тој тогаш го направи тоа, се потсети Лејди Гага.

Вo изјава за „Пипл“ во врска со нејзиниот филм „Џокер 2“ во Лос Анџелес, Лејди Гага сподели и дека Полански работел со неа на придружниот албум што го снимила за филмот. Имено, тој бил еден од извршните продуценти на музичкиот проект

Back to top button
Close