Леброн со 20 поени ги предводеше САД до победа над Германија
Во пријателски натпревар пред почетокот на Олимписките игри, кошаркарите на САД синоќа во Лондон ја совладаа Германија со 92:88.
Најефикасен играч на средбата беше Леброн Џејмс, кој постигна 20 поени, од кои 11 во последните 4 минути.
Кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи од 27 јули до 11 август.
Германија ќе игра во групата Б со Франција, Јапонија и Бразил.
Американците се во Ц групата со Србија, Јужен Судан и Порторико