Лекари од Бугарија раскажаа за хоророт во Кочани: Тоа што го видовме не се заборава
Лекарите од Бугарија, каде беа транспортирани дел од повредените од страшниот пожар во Кочани во дискотеката Пулс, во кој загинаа 59 лица, раскажаа што ги дочекало и што виделе таму, пренесе Прес24.
Тања Алекова и Румен Гоцев, доктори во итната помош во Софија, заедно со полициска придружба тргнале во Кочани, а она што таму го виделе уште не им излегува од глава, иако со години ја работат таа професија.
– Се уште не можеме да го заборавиме она што го видовме таму. Ова не е нешто што човек лесно може да го заборави. Ќе треба да помине време. Постојано го сонувам. Ме погоди тишината во Скопје. Како да се случила апокалипса. На улиците немаше луѓе, вели д-р Тања Алекова.
– Тоа е нешто што не може човек да го заборави. Единствено времето лекува, но ќе треба да помине доста време, вели и д-р Румен Гоцев.
Докторката помагала да се спаси девојче од 16 години.
…