Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара разрешување на директорката која раководи со ароганција и моќен грб кој го има
Протестно писмо од Лекарскиот колегиум на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, за безрезервна поддршка на Д-р Веселинка Митровска Јосифова и Итно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска
Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле бара итно и неодложно разрешување на в.д. директорката Каролина Симоновска, по донесената последна скандалозна одлука за колешката д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство, која доби отказно решение, и бара итно враќање на докторката на работа од страна на институциите на системот.
Последниот скандал што ја потресе клиниката, лекарите како и нашите пациенти е дека д-р.Веселинка Јосифовска Митровска е бескрупулозно избркана од работа. Во отказното решение добиено од раководството таа е обвинета дека физички присуствувала во кабинетот за бронхоскопија кога се интервенирало на вадење на страно тело од дишните патишта на еден од нашите пациенти.
Присуството на колешката само ја потврдува нејзината загриженост за здравјето на пациентите кои се нејзин домен на работа. Докторката Јосифовска се соочува со непријатна средба со директорката, и тоа за време на интеревенцијата, и истата се обидувала насилно да ја острани од кабинетот за што постојат сведоци. Ја информираме јавноста дека интервенцијата кај детето резултирала со успех, извадено е туѓо тело од дишните патишта на пациентот.
Со ништо и во ниеден момент не било загрозено детето, ниту пак присуството на лекар кој има 22 год искуство со оваа проблематика би можело на било кој начин да го загрози животот на детето. Напротив доколку би дошло до компликации,
лекарите кои се присутни а имаат долгогодишно искуство би можеле да интервенираат веднаш. Но парадоксот е дека според директорката како што пишува во отказното решение е дека нејзиното присуство го довела во опасност животот на пациентот.
Изразуваме најсилна безрезервна поддршка за нашата колешка д-р Веселинка Јосифовска Митровска за која сметаме дека и е нанесена целосна неправда и без никаква вина добива отказно решение од актуелното раководство.
Своеволието на директорката уништува многу животи ,ја уништува клиниката Козле а тоа дирекно се рефлектира на пациентите. Откако е назначена досега, нејзиното директорување брои низа скандали за кои јавноста беше информирана.
Се спроведоа и средби со Министерот за здравство на кои беа укажани проблемите во клиниката. Се депонираа 30 потписи на лекари кои бараа разрешување на директорката.
Се уште се чека одговор за нејзино разрешување.
Лекарскиот колегиум уште еднаш ги замолува надлежните институции, Министерот за здравство и Премиерот на Р.Македонија, да стават крај на своеволието на Симоновска бидејќи Клиниката Козле е државна институција одогромно значење во пружањето на здравствена заштита на највулнерабилната група на пациенти, децата, и дискредитацијата што и ја нанесува директорката на оваа клиника е дискредитација на целиот здравствен систем
Инаку медиумите за новата директорка на клиниката Козле Каролина Симоновска министтерот Таравари ја поставил за вд директорка на предлог на владеачката ВМРО ДПМНЕ поточно на нејзиниот лидер и премиер Мицковски кој бил пријател и колега со сопругот на вд директорката Симоновска и од таму веројатно ја црпи силата и за кусо време направи неколку скандали а министерот Таравари само ветува дека ќе го разреши слушајот на клиниката и големото незадоволство од директорката на медицинскиот персонал во Козле,но засега останува најверојатно со „врзани“ раце или несакајки да се замери со премиерот случајот го остава статус кво а Симоновска директорува со ароганција и забеганост од моќниот грб кој го има.